Адвокатска Канцеларија Славковски
Ваш доверлив правен партнер
Професионални, ефикасни и сигурни правни решенија.
Ваш доверлив правен партнер
Професионални, ефикасни и сигурни правни решенија.
Доверлива Правна Поддршка И Правни Услуги Со Највисоки Стандарди
Почнувајќи од април 2016 година ја градиме нашата успешна приказна преку посветено и фокусирано работење во сите области на правото.
Нашата цел е да ги задоволиме потребите на клиентите и да ги надминеме нивните очекувања со испорака на врвна и професионална услуга.
Долгорочна соработка со клиентите градиме врз основа на доверба, дискреција, флексибилност и навременост во извршување на задачите. Високиот процент на успешно реализирани предмети и високото ниво на ефикaсност при работа на предметите е резултат на долгогодишното искуство во водење на сите видови на постапки.
Канцеларијата се наоѓа во Скопје, но делуваме на територијата на цела држава.
Соработуваме со голем број нотарски и извршителски канцеларии, со најдобрите проценители, осигурителни брокери и судски вештаци.
Постојана едукација, долгогодишно искуство и пасија кон правото не водат кон успех, а со упорност, посветеност и индивидуален пристап испорачуваме уникатна услуга. Затоа секогаш имаме решение!
-Дејан Славковски
|
Деловно право
Регистрирање на правни лица во Централен регистар, промени на податоци и статусни промени на правни лица, правни совети при склучување на договори, наплата на побарувања од должници, пријавување и одјавување на вработени.
Граѓански спорови
Оставински постапки, развод на брак, работни односи, надомест на материјална и нематеријална штета, имотно-правни односи.
Облигационо право
Состав на купопродажни договори, договори за дар, договори за доживотна издршка, договори за платен промет помеѓу правни лица.
Осигурување
Оштетни побарувања и застапување пред осигурителни компании, консултации при склучување осигурителни полиси.
|
dejan@savkovski.mk
Ѓорѓи Исаевски
Адвокат
gorgi.isaevski@savkovski.mk
oliver.steriov@slavkovski.mk
АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА СЛАВКОВСКИ